Достапни линкови

Пелагониските сточари од мака млеко продаваат по улици. Откако млекарницата Сведмилк отиде во стечај и престана да им го откупува родот, дневно во битолскиот регион остануваат по 50 тони неоткупено млеко. Барајќи пласман за него, сточарите ги презедоа работите
Јас сум сточар од Логоварди. Од што да живееме ако не постапуваме вака. Ова ми е плата мене на работа бев, ме избркаа. Во млекарниците не носам зашто сега земаат помалку млеко. Порано носев ми запреа персонален данок и останав без пари. Сега го носам овде скоро секој ден. Продавам по 20 шишиња
во свои раце, па често можат да се затекнат во битолскиот пазар каде како пред половина век продаваат свежо млеко по литар. Од фармите до пазарот го носат во метални канти, а потоа го црпат со мерица и преку инка го точат во пластични шишиња од кисела вода. Литар и пол продаваат за 30 денари. Тоа значи дека литар млеко купено на пазар е за 15 денари поевтино од она што се продава по маркетите. Но, интересот кај купувачите не е голем, а сточарите заработуваат колку за парче леб.

,,Јас сум сточар од Логоварди. Од што да живееме ако не постапуваме вака. Ова ми е плата мене на работа бев, ме избркаа. Во млекарниците не носам зашто сега земаат помалку млеко. Порано носев ми запреа персонален данок и останав без пари. Сега го носам овде скоро секој ден. Продавам по 20 шишиња. Но, моментално е послабо, не се продава оти многи млекари излегоа на пазар."

,,Седум крави имаме по 130 литри произведуваме млеко на ден. Овде се мачиме по пазарите. И тоа ќе остане, па го турваме. Бев кооперант на Сведмилк, немаме седум-осум месеци земено денар, а имаме деца одат на школо, на факултет. И од овде чекаме да земиме 1000-2000 денари, зависи како ќе продадеме па да ги школуваме. Што да има интерес кога цела Битола плива во млеко, се турва по канали"

се жалат пелагониските фармери.

Освен во пазарот, млеко разнесуваат и низ битолските улици како во минатите времиња. Сето ова се случува во услови кога државата се обидува да воведе ХАСАП стандарди за производство на храна и да ја укини продажбата на црно. Но, на фаремрите не им останува друг излез зашто десет месеци не зеле пари за предаденото млеко во шведската млекарница, а другите млекарници даваат ниска откупна цена од 10 денари за литар.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG