Достапни линкови

Опозицијата во Иран бара независна ревизија на изборните резултати


Поразениот ирански претседателски кандидат Мехди Кароуби побара независно тело да ги ревидира резултатите од претседателските избори кои се одржаа во земјата на 12 овој месец. Во писмо до надлежните, објавено во иранскиот весник Етемад Мели, Кароуби пишува дека независното тело кое би ги прегледувало изборните резултати треба да ги разгледа сите аспекти од одржаните избори. Опозиционерот Мир Хусеин Мусави, пак, не се согласува со ревизијата на изборните резултати и бара поништување на претседателските избори и одржување нови.
XS
SM
MD
LG