Достапни линкови

Телото на Мајкл Џексон предадено на семејството


Медицинските вештаци го предадоа телото на Мајкл Џексон на неговото семејство, по извршената аутопсија по која не се утврдени причините за смртта на поп ѕвездата. За сега единствено е познато дека Џексон починал од срцев удар, но не се знае што го предизвикало шокот. Вештаците посочија дека конечниот наод за причините за смртта на Џексон ќе биде одреден за четири до шест недели, откако ќе се заврши со токсиколошките анализи.
XS
SM
MD
LG