Достапни линкови

Емигрантите од Грција се враќаат во Албанија за да гласаат на утрешните избори


Во изминатите неколку дена на граничните премини на грчко-албанската граница, за неколкупати е зголемен бројот на патници и возила за влез во Албанија. Aлбански емигранти доаѓаат во нивната матична земја за да го остварат правото на глас на утрешните парламентарни избори, јави дописникот на МИА од Тирана. Во последните дваесет и четири часа преку овие премини минале повеќе седум илјади емигранти. Со оние кои минале претходно, но и во текот на денов, се очекува вкупниот број на албански еигранти кои ќе дојадат за да гласаат да ја надмине бројката од 50.000 лица.
XS
SM
MD
LG