Достапни линкови

Уапсен еден од лидерите на Курдската работничка партија во Романија


Романските власти уапсија еден од лидерите на Курдската работничка партија (ПКК), кој се обидел илегално да ја премине романско-унгарската граница, скриен во камион. Хусеин Џ. бил откриен во камион со германски регистарски таблички кој превезувал текстил. Во возилото биле скриени уште 11 турски државјани, кои илегално сакале да стигнат до Германија. Романските власти уште од април го следеле 39-годишниот Хусеин Џ., кој имал статус на бегалец, а прогласен е за „персона нон грата“ поради членство во терористичка организација.
XS
SM
MD
LG