Достапни линкови

Работниците (не)безбедни


Работници
Работници

Безбедноста на работниците во Македонија и покрај тоа што законската рамка е донесена во 2007-та година не се почитува во целост, велат од Сојузот на синдикати на Македонија. Надлежните за тоа ги обвинуваат работодавачите, но и работниците кои поради големата невработеност, прифаќаат да работат во секакви услови, наместо да инсистираат на поголема заштита на работните места.

На високите температури карактеристични за овој период од годината едни под сенка и со клима, а други и на 40 степени се принудени да работат на отворено. Сенка ни за лек, а работа преку глава. На сонце и на отворено, маката ги натерала стотици работници да работат и под вакви услови за некој денар. Градежници, такси возачи, продавачи на пазар, земјоделци сите се сложуваат тешко е но мора да се
Секако дека работниците мора да бидат свесни за тоа дека и покрај тоа што ќе дојдат до работа и ќе се борат за поголема награда за својот труд, особен интерес треба да пројават и за тоа во какви услови работат. Значи ќе работам да, но во какви услови.
работи. Облеани во пот и потеменети од жешкото сонце мора да издржат за да заработат парче леб за својата фамилија. Препораките на лекарите да се избегнува излегување и движење на високи температури не важи за овие луѓе, кои имаат вакви професии, кои се работат под отворено небо. Едно од основните права на работниците е право на безбедни услови за работа, бидејќи во тие неколку часа тие секојдневно се подложени на ризици по нивното здравје и живот.

,,Ете така стоиме и работиме на сонце, немаме никаква заштита, помош немаме од никаде тоа е тоа..."

,,Овие неколку години има такво затоплување, не сум ни свесен како издржуваме ние на улица, уличните продавачи. "

,,Тешко е, но навикнати сме на вакви температури, немаме друг избори и мораме да седиме на отворено."

,,80 години има, тешко вака надвор, ама мора."

Секој од нив како знае и умее се обидува да ги издржи високите температури.

,,Се криеме некаде под сенка, ама тешко е."

,,Од време се ладиме со вода, ни паѓа тешко, ама си помогаме еден од друг."

,,Не е баш лесно, ама се снаоѓаме. Во возилата имаме клима, ама и таа не работи како што треба. Јас отварам прозори, но и тоа не е решение бидејќи се одразува на здравјето."

Во 2007 година во земјава се донесе закон за безбедност и здравје при работа.

Од Сојузот на синдикати на Македонија сметаат дека сеуште не се спроведуваат прпишаните стандарди и се залагаат законот целосно да
Согласно законот за безбедност и здравје, работодавецот мора да обезбеди мерки за заштита на здравјето и безбедноста на вработените, без оглед од што е сето тоа, дали од температури, од одредени ризици при работа. Тоа значи дека како обврска за здравјето на вработените, тоа го обезбедува работодавецот. Кога се работи надвор, работодавецот мора да има во предивид дека зголемените температури влијаат врз работниците и тој треба да преземе соодветни мерки
се спроведува. Особено во поглед на проценката на ризикот на работното место, како што се последиците по животот, кои можат да настанат поради високите температури. Примарна цел на работниците треба да им биде кога склучуваат договор да видат дали имаат прифатливи услови за работа и дали се безбедни вели Инда Савиќ од Синдикатот.

,,Секако дека работниците мора да бидат свесни за тоа дека и покрај тоа што ќе дојдат до работа и ќе се борат за поголема награда за својот труд, особен интерес треба да пројават и за тоа во какви услови работат. Значи ќе работам да, но во какви услови. Значи на тоа мора да се внимава кога се потпишува договор за работа. Какви се условите на безбедност! Но, за жал кај нас не доминира ова прашање заради огромната невработеност."

Секоја година Институт за трудова медицина им дава препорака на работодавачите на оние работници, кои извршуваат работа на отворено да им се воведе двократно работно време, односно да имаат пауза, за време на најтоплиот период од денот. Треба да се прилагоди работата во однос на надворешните услови, за да не дојде до некоја несреќа или пак заболување вели Сашо Столески од Институтот за трудова медицина.

,,Значи да се прилагоди, да се адаптира работното време кон она што значи услови на самото работно место, затоа што нивната работа вклучува дополнителен ризик при појава на топлотни бранови, сончаница итн. Тоа би било и во нивни интерес, за да ги спречат, превенираат појавите на повреди на работното место, кои што во лениот период поради високите температури се почести."

Според Министерството за труд и социјална политика во било која фирма работодавачот е должен на вработените да им обезбеди мерки за заштита на нивната безбедноста и здравје, без разлика дали тие работат надвор или пак на отворено . Самиот работодавач треба да биде свесен дека температурите влијаат врз работниците и воопшто работата вели раководителот на секторот за заштита при работа во министерството Агим Шаќири.

,,Согласно законот за безбедност и здравје, работодавецот мора да обезбеди мерки за заштита на здравјето и безбедноста на вработените, без оглед од што е сето тоа, дали од температури, од одредени ризици при работа. Тоа значи дека како обврска за здравјето на вработените, тоа го обезбедува работодавецот. Кога се работи надвор, работодавецот мора да има во предивид дека зголемените температури влијаат врз работниците и тој треба да преземе соодветни мерки."

Мора да се подигне свеста на работниците да се борат за своите права и да се зголемат казните,кај работодавачите, кои не им овозможуваат безбедни услови за работа. Работниците според законот имаат право додека траат горештините, да побараат пауза.па дури и да го напуштат работното место. Но тие најчесто од страв да не ја загубат работата не се жалат, па затоа може да дојде од некоја несреќа или пак заболувања вели Савиќ од Синдикатот.

,,Навистина е присутна таа појава. Ќе работам по секоја цена, само да дојдам до гола егзистенција. За појавата од некаква болест после неколку годивни, воопштно не се води сметка или несакаат да размислуваат, што е навистина парадоксално."

Работнички протести
Савиќ појаснува и дека и двете страни се одговорни. Работодавачот пред се треба да биде свесен дека доколку еден работник нема нормални услови за работа тогаш тоа ќе влијае и на продуктивноста. Работниците можат заедно со газдата да потпишат договор со услови за работа и така сите да бидат задоволни. Само така ќе се спречат негативните последици по животот на вработените, а со тоа нема да трпи ниту бизнисот вели таа.
И кај работодавците малку, по малку се зголемува свеста, тие стануваат свесни дека здравјето и безбедноста не се луксуз туку дека се потреба и дека треба да водат сметка за продуктивноста, здравјето, безбедноста на своите работници, како би ги смалиле ризиците за болест и трошоците за нивно натамошно лекување.


,,Работодавачот треба да биде свесен дека ќе претпи исто така поголеми загуби, затоа што наредниот ден нема да му дојде работникот заради тоа што се разболел. Доколку тие си потпишат колективен договор преку синдикатот, дека на одредена температура работникот нема да работи, тогаш ќе нема проблеми. Затоа велам дека одговорноста ја носат и едната и другата страна."

Според законот работодавците треба да назначат и стручно лице, кое ќе се грижи за безбедноста и здравјето или пак самите вработени може да изберат еден претставник од нив, кој ќе се бори за остварување на нивните барања и права. Но за жал тоа сеуште не се спроведува во нашата земја ни од страна на работодавачите, ни од страна на вработените вели Борче Стојчевски од македонското здружение за заштита на работниците.

,,Во однос на претставниците на работниците, кои што треба да бидат продолжена рака на самите работници во делот на безбедност и здравје што ќе ги пренесуваат сите нивни информации и што ќе комуницираат со нив, мислам дека во Македонија сеуште е проблем тој дел, некако тешко функционира претставникот за здравје на рабоникот во Македонија, меѓутоа тоа мислам дека е врзано со нашиот менталитет, сакаме некој друг да ни ја заврши работата."

Во 2007 година имало регистрирано 630 несреќи на работа , а заболувања 81. Најчесто несреќите се случуваат поради пад од висини, особено во градежништвото. Досега немале случај кај некој да има последици по здравјето од високите температури велат од министерството за труд и социјална политика. Инспекторите за да ја намалат оваа бројка најмногу вршат контроли, онаму каде што има поголем ризик по здравјето и безбедноста на работниците вели Шаќири.

,,Тие се тие последици од нашето искуство во овие 15-20 години каде што имаме проблеми или фатални смртни случаи, а не од високите температури или некоја последица во однос на здравјето од високите температури. Така што во зависност од потребата треба да се фокусираат каде постои потреба од безбедност и здравје на вработените."

Секој работодавач е должен да пријави несреќа, полесна и потешка повреда во министерсвото за труд и социјална политика, како и отсуство од работа повеќе од три дена. Од македонското здружение за заштита сметаат дека сеуште неможе да се даде точна евеиденција на повредите, а пред се на заболувања при работа, кои досега најтешко се утврдуваа за разлика од несреќите. Потребни се подетални истражувања и континуирано следење на здравјето на вработените со повеќе лекарски прегледи, за да се дознае колку всушност работата влијае врз здравјето. Со новиот закон за разлика од порано тие барем се обврзани на секои осумнаесет месеци да отидат на лекарски преглед.

,,Да се добие како официјално документ, тогаш треба се прават подетални анализи во однос на следење на здравствената состојба на вработените, значи немаме континуитет во следењето на здравјето на вработените за да утврдиме дека навистина се работи за такви болести."

Од институтот за трудова медицина велат дека по новиот закон мора конечно да се извршува проценка на ризик на секое работно место. секоја фирма треба да има извршено ваква проценка, која е особена важна бидејќи не постои работно место без ризик туку треба да се утврди дали е тој мал, умерен или висок. Од институтот сепак сметаат дека благодарение на законот е постигнат напредок. Работодавците се повеќе започнуваат да размислуваат за безбедност и здравје на своите вработени. Бројот на лекарски прегледи е зголемен за преку 100 проценти од кога се донел законот.

,,И кај работодавците малку, по малку се зголемува свеста, тие стануваат свесни дека здравјето и безбедноста не се луксуз туку дека се потреба и дека треба да водат сметка за продуктивноста, здравјето, безбедноста на своите работници, како би ги смалиле ризиците за болест и трошоците за нивно натамошно лекување."

Од македонското здружение за заштита очекуваат во иднина бројката на несреќи и заболувања при работа се повеќе да се намалува, бидејќи тие веќе обучуваат и луѓе кои ќе извршуваат проценки на ризик на работното место нешто што досега го немаше, а далеку ќе ја зголеми безбедноста на работното место. Понатака се надеваат и дека ќе има и цели фирми, кои ќе се бават со оваа работа и ќе се постигнат уште подобри резултати вели Стојчевски.

,,Веќе почнаа да полагаат првите стручни лица за безбедност при работа, веќе ги имаме првите положени лица и сметам дека ќе ги имаме и првите овластени лица кои ќе бидат завршени за да вршат проценка на ризик, обука на вработените и сите други работи согласно законот. Мислам дека престои еден период каде сите партнери ќе учестуваат во овој дел и ќе има напредок."

Во 2007 година владата прогласи вонредна состојба поради екстремно високи температури. Скратено работно време добија само работниците од јавната администрација. Додека кај приватниот и граѓанскиот секотор дадоа само препораки. Земји со најдобро организирана медицина на трудот и превентива на здравјето на работниците се Финска и Холандија, каде што речиси сите вработени имаат пристап до превентивните служби од областа на медицината на трудот. Додека пак Ерменија е една од земјите во која вакви служби воопшто и не постојат.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG