Достапни линкови

Мендух Тачи, претседател на ДПА


Претседателот на ДПА Мендух Тачи на митинг
Претседателот на ДПА Мендух Тачи на митинг

Охридскиот договор не се имплементира, мислам дека тој е мртов; Капацитетите, енергијата на Албанците, ако ова не се прифати ќе завршат со албанска држава внатре на овие територии; Уставот не е ниту Библија, ниту Коран

Г-дине Тачи додека ДПА беше на власт, Охридскиот договор беше добар зошто сега сметате дека во него има недостатоци и се залагате за нов договор?

Погрешен пристап. Никогаш не сме рекле дека Охридскиот договор е добар. Да ве потсетам дека ние сме главните креатори на Охридскиот договор и тогаш и денеска велам дека тој договор беше направен за да се сопре конфликтот. Но, кога денеска зборуваме за тој договор, зборуваме за еден друг пристап. Тој не се имплементира, мислам дека е мртов, а Владата на Македонија оваа последна година потврди дека тој договор е мртов.

Засега немате поддршка за оваа идеа пошироко кај албанскиот политички блок, но Нова Демократија смета дека негови гаранции обврзува меѓународната заедница и дека се додека тој не се исцрпи неможеме да одиме кон нов договор, а исто така и ДУИ смета дека треба да се исцрпи договорот. Дали е можно разидување во албанскиот политички блок?

Mendih Taci
И првите што ги спомнувате се дилетанти и класични предавници, тоа не е политичка партија, тоа се дилетанти и продолжена рака на обични тајни служби во Македонија кои ги раководи државата, а другите што ги споменувате, како ДУИ мислам дека веќе готово, политички непостојат. Тие се фатени како удавениот кога се фаќа на сламка, со еден широк и тотално нејасен поим - Охридски Договор. Дали ние имаме параметри што ги анализира деловите, Охридскиот Договор, дали ние имаме одреден тајминг и дали ние треба да се потсетиме дека Охридскиот Договор требаше да се имплементира во 2004-та година. Веќе пет години тој Договор не се имплементира, веќе е јасно и сите полека почнуваат се погласно да зборуваат дека тој Договор веќе неможе да се имплементира. Доаѓа време кога треба да се менува, ќе видеме кој е посилен. Не сакам да зборувам и нема да дозволувам да ме ,,влечат" македонските или албански партии и сеуште давам предност на таа парадигма ЕУ и НАТО, мултиетничност.

Дел од политичките партии кои постигнаа успех на изборите велат дека сето ова го правите за да го подобрите рејтингот на вашата партија?

Нема сега избори, уште три години треба да чекаме за избори. Се ова го правам како последна опомена дека Македонија е во голема опасност. Би им порачал на сите што ги потценуваат толку многу Албанците и системот на мерење на капацитетот на Албанците, како дилетанти и луѓе што ништо не ги интересира, ако овој предлог не успее, ќе бидеме живи, ќе видиме. Капацитетите, енергијата на Албанците, ако ова не се прифати ќе завршуваат со албанска држава внатре на овие територии.

Дали ова решение подразбира менување на Уставот?

Многу зборувате за процедури. Тоа не се свети работи, тоа не е Библија или Куран. Тоа се процедури кои што ги донесуваат Македонците за нивните добра.

Ве прашувам дали подразбира овој ваш Договор, промени на Уставот?

Можеби до одредени места ќе има промени на Уставот, но треба да разјасниме нешто... Апсолутно не се збори за територија, не се зборува за федерализација, туку ако ги нервира овој наш Договор, ние ќе имаме друг пристап. Ќе го земеме Охридскиот Договор, односно деловите од Охридскиот договор и да видиме до каде се исполнети тие начела што ги има во него. Ако е 30% исполнето, тогаш да се договориме овие 70% да ги надминеме. Ќе бараме соработка со сите, поготово со меѓународната заедница.

Имате ли партнер во македонскиот политички блок, со кого би нашле заеднички јазик за овој договор и во спротивно како би го реализирале?

Знам што е потекстот на ова прашање. Голема работа, ако тие не сакаат, нема да сакаме ни ние. Тоа не сакање ќе вроди кон тоа Албанците целата енергија да ја координираат и да се создава друга држава, која е држава на Албанците.

Дали ја гледате ДПА како дел од широкиот опозициски блок што се најавува и дали овој Договор и ова што го зборувате, ќе биде дел од постигнување на заеднички јазик во рамките на таков широк опозициски блок?

Нема потреба за никаква соработка со опозицијата. Ако стварно некој биде заинтересиран да соработува со нас има две патеки. Првата е дека немаме никакви дилеми кон геополитиката, НАТО и ЕУ, но паралелно бараме дефинитивно спорот што го имаме внатре, за начинот како ја градиме оваа држава, да го надминеме.

На кој начин ќе барате постигнување заеднички јазик за овој Договор, ако нема значи партнер во македонскиот политички блок, ако во дел од албанскиот политички блок засега нема прифаќање на оваа идеја. Зборувате за начини кои што не се демократски?

Апсолутно! Мислам дека тие можат да се прават глуви, ако сакаат може да се прават наудрени, ние ќе ги употребиме сите демократски методи, па ако се прават глуви и ние ќе се правиме глуви за одредени работи. Ако се прават глуви на нашето барање за дијалог за овие точки, ние ќе се правиме глуви во однос на другите точки што ги има на Дневен ред Македонија, како проблемот со евроинтеграции, ќе има недостаток на дијалог. Таквиот начин на однесување беше во 1992 до 98 година, сега кога ние сме на прагот за членство во НАТО и за добивање датум за преговори со ЕУ , не смее некој така да се однесува со релевантна политичка сила. Ќе треба да се прифати дијалогот.

Во спротивно излегувате на улица...?

Не, не сме уличари. Во спротивно ,,чао" ,,ариведерчи" ќе се сочаат гарантирам за ова со тој капацитет и енергија на Албанците, за и тие да станат држава.

Во рамки на институциите или надвор од институциите?

Тоа ќе биде работа на тие што тоа ќе го прават. Јас нема да го правам тоа.

Г-дине Тачи, имате ли политичка моќ да наметнувате услови, да наметнувате барања како што велите со оглед дека политичката сцена кај албанскиот политички блок е расцепкана, имаме неколку партии кои што имаат поинакви мислења?

Мислам дека допрва ќе се види дека ние имаме политичка моќ и вие знаете дека ние победивме условно речено, во централата каде што живеат Албанците...

Дали планирате реформи во вашата партија бидејќи дел од пратениците од вашата партија преминаа во друга партија?

Такви пратеници ништо не ни значат, тие се обични бројки. Потпаднаа на коруптивни и други варијанти, реформата е завршена во ДПА, мислам дека тие што се надеваа дека ќе ја растурат ДПА или ќе ја скршат ,,кичмата" на платформата на ДПА треба да бидат свесни дека тоа е старата ДПА која продолжува.

Политичарите имаат одговорност темите, како што се, меѓуетичките односи и други теми од стратешки интерес за државата, како името, да не ги прават како теми за раздор. Во таа смисла како вие ја идентификувате вашата улога?

Апелите за единство на господинот Груевски не ги разбирам. Мене сеуште не ми е јасен неговиот став и ставот на владата. Во што треба да се соединиме? Во тоа што целиот буџет во државата се распределува расистички? Кај Албанците се инвестира 1,5 отсто, а кај другите 98 отсто. Нема единство тука. Ова е лудост. Не можам да се соединам со ова.

Од кого ќе барате исполнување на овие барања? Од владата? Од опозицијата во случај на воспоставување широк фронт?

Нема да одиме со такви тактики и политики. Прво ќе се почитуваат институциите на системот. Местото каде што тоа ќе го бараме ќе биде парламентот. Апсолутно сме свесни дека може да не игнорираат, да ни се потсмеваат, но допрва доаѓа варијантата дали треба да бидеме единствени во проблемот со името, дали треба да бидеме единствени барањата со ЕУ да имаме перманентен дијалог внатре во државата. И тука мислам дека брзо ќе се сфати дека не е добро да се игнорираат политичките барања и барањата за дијалог.

Клучно прашање во овој момент е прашањето за името. Имаме вклучување на вице премиерот Адеми во креирањето на преговарачката позиција за името. Какво може да биде влијанието за разрешувањето на ова прашање?

Мислам дека една форма што брзо ќе се види дека нема никаква суштина.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

XS
SM
MD
LG