Достапни линкови

Средба Мендух Тачи - Хозе Хереро од формален карактер


Лидерот на ДПА Мендух Тачи денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со шефот на мисијата на ОБСЕ во Македонија Хозе Луис Хереро.
По средбата и двајцата изјавија дека посетата била од формален карактер, како дел од редовните активности на Хереро и оти не станало збор за содржината на предлог документот на Тачи за уредување на односите меѓу Македонците и Албанците.
- Документот сеуште не е официјален. Има време пред нас. Кога ќе биде документот официјален јас ќе побарам да разговараме на таа тема. Разговаравме за сите други можни теми, рече Тачи.
Во предлогот, кој тој вчера го достави на разгледување кај неговите советници, дел од барањата се нови државни симболи, партнерски однос меѓу Македонците и Албанците, рамноправна распределба на буџетот и нова територијална поделба. Тачи негира дека нивниот политички проект дефакто значи федерализација на Македонија.
- Бараме само повторно дефинирање на односите меѓу Македонците и Албанците, рече Тачи.
XS
SM
MD
LG