Достапни линкови

Белград очекува објаснување од Софија за ослободувањето на Чеку


Претседателот на Србија Борис Тадиќ денеска изјави дека очекува објаснување од бугарските органи поради укинаувањето на притворот на поранешниот премиер на Косово Агим Чеку.,,Начинот на кој реагираше Бугарија не придонесува кон нашите добри односи,, рече Тадиќ, додавајќи дека мора да бидат процесуирани сите оние што се обвинети за воени злосторства. На Чеку, со одлука на бугарскиот суд, синоќа му беше укинат притворот и беше отфрлено барањето на Србија за екстрадиција. Тој во вторникот беше уапсен на бугарско македонската граница.
XS
SM
MD
LG