Достапни линкови

Македонија далеку од решавање на спорот за името


Државниот врв на консултации за името

Државниот врв на консултации за името

Македонија е далеку од решавање на спорот за името со Грција, велат експертите, коментирајќи ги изјавите на државниот врв дадени за името. По вчерашната средба на државниот врв на која амбасадорот Зоран Јолевски им ги пренесе разговорите кое се воделе на последната средба во Женева, Министерот за надворешни работи, Антонио Милошевски, рече дека позицијата на Грција за името во повеќе сегменти е далеку од компромисна. Професорот Денко Малевски вели дека треба да се изгради единство на политичките
Доброто можно решение, значи ние мораме сериозно да работиме да се избориме за добар компромис. Мислам дека е погрешно само да се чека од медијаторот тоа да го прави
фактори околу компромисот за името, а потоа да се бара најдоброто можно решение.

„Доброто можно решение, значи ние мораме сериозно да работиме да се избориме за добар компромис. Мислам дека е погрешно само да се чека од медијаторот тоа да го прави. Тоа е посредник во целата работа. Но, правењето компромис е поврзано со многу други работи и треба да се види кои се последиците. Значи, каков компрмоси би било околу името.“

вели Малевски и објаснува дека треба да се разговара и за идентитетот , јазикот, нацијата. Тој вели дека за ставовоте треба да се разговара јавно, за да се подготви народот за нужноста која мора да се исполни.
Експертите велат дека преговорите мора да продолжат, за да се изнајде решение. Но и дека државниот врв треба да изгради еден став. Професорот Мерсел Биљали вели дека од изјавите на челниците неможе да се види дека имаат изграден став.

„Не се бара некои прецизен став, туку став дека имате политичка волја да го решите проблемот. Значи, ако воопшто се смета став, разумниот компромис, мислам дека многу посериозно треба да се пристапи кон ова прашање.“

Специјалниот пратеник во разговорите за името амбасадорот Зоран Јолевски денеска ќе се сретне со претседателите на позначајните политички партии во Република Македонија за да ги информира за женевската рунда разговори. Како што е најавено, тој ќе ги презентира ставовите на двете страни и реално ќе им ја претстави позицијата на Грција.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG