Достапни линкови

Граѓаните живеат полошо од пред две години


Скопје
Скопје

Граѓаните се жалат дека животот е се поскап и дека тие живеат полошо од пред две години. Во анкетата спроведена од Радио Слободна Европа, 57 % од граѓаните одговориле дека живеат полошо.

„Овој живот сега и пред две години е најтежок живот. Младите без работа, кошничката е празна.“

„Јас сум технолошки вишок и самохрана мајка. За мене да, поскапи се цените во однос на храната, друго не сум во ситуација да купувам, така што не знам.“

„Плаќам две илјади кирија, и се е полошо.“

И според интернет-анкетата што ја спроведуваме на нашата интернет страница www.makdenes.org, 57 отсто од граѓаните сметаат дека
Овој живот сега и пред две години е најтежок живот. Младите без работа, кошничката е празна
денес се живее полошо од пред 2 години. 17 отсто одговориле дека живеат исто, а една петина од испитаниците одговориле дека денес живеат подобро отколку пред две години.

Пред две години, просечната нето-плата изнесуваше 14.300 денари, без храна и превоз, а едно четиричлено семејство за исхрана и за пијалоци трошело 10.600 денари. Според податоците на Заводот за статистика, во март годинава, просечната плата е 19.700 денари, а за храна и пијалоци четиричлено семејство троши 12.800 денари. Но, треба да се земе предвид дека, со концептот бруто плата, од годинава во просечната плата се пресметани и трошоците за храна и превоз, за кои се добиваше меѓу 3 и 4 илјади денари.

Професор Сашо Арсов вели дека статистиката само ја дава средната вредност, но на животниот стандард делуваат повеќе фактори.
Колку луѓе сега се невработени, колку лани, колку ја земаат платата доцна, а колку регуларно. И тие работи статистиката не ги опфаќа, а луѓето ги чувствуваат на своја кожа


„Колку луѓе сега се невработени, колку лани, колку луѓе во семејството се вработени, колку ја земаат платата доцна, а колку регуларно. И тие работи статистиката не ги опфаќа, а луѓето го чувствуваат на своја кожа. Нив им е сеедно дали ќе им дадете 10 илјади во плата, или пет илјади во бонови.“

Луѓето, сепак, најдобро знаат дали живеат подобро или полошо, вели Арсов.

„Статистиката знае да искриви многу работи. Перцепцијата е важна, кој како чувствува, како перцепира. Кога луѓето ќе почувствуваат како подобро, тогаш ќе биде подобро.“

Според Хјуман девелопмент индексот за квалитет на живот на Обединетите нации, во 2008 година Македонија била на 68 место според квалитет на живот. Пред Македонија, на 26 место е Словенија, на 45 место Хрватска, на 48 Куба, на 56 Бугарија, Романија е на 62 место, Црна Гора на 64 и Србија на 65 место, а едно место пред нас е Белорусија. Најдобра земја за живеење е Исланд. Хјуман девелопмент индексот ги зема предвид просечниот животен век, писменоста, образованието, стандардот на живот и бруто домашниот производ по жител.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG