Достапни линкови

Претседателските избори во Иран регуларни, став на Советот на чувари на Уставот


Врховното законодавно тело на Иран, Советот на чувари на Уставот, денеска соопшти дека немало изборна кражба на претседателските избори на кои официјален победник е Махмуд Ахмадинеџат. Портпарол на Советот изјави дека, освен помали неправилности, кои се појавувале на сите избори, годинашните претседателски биле најдобри досега. Претседателските кандидати Мир Хосеин Мусави и Мехди Каруби и натаму ги оспоруваат резултатите и бараат нивно поништување.
XS
SM
MD
LG