Достапни линкови

Јолевски информира за разговорите за името во Женева


Специјалниот пратеник во разговорите за името амбасадорот Зоран Јолевски денеска ќе се сретне со претседателите на позначајните политички партии во Република Македонија за да ги информира за женевската рунда разговори. Јолевски вчера на средбата во вилата „Водно“, која ја свика претседателот Ѓорге Иванов, а на која присуствуваа и премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Абдулаќим Адеми и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски, го запозна македонскиот државен врв за текот на разговорите во Женева. Милошоски по средбата изјави дека не биле изнесени детали, бидејќи е оценето дека тоа не би било во полза на процесот“ и истакна оти позицијата на Грција за името во повеќе сегменти е далеку од компромисна. Според него, нема најави за нов предлог од страна на посредникот Нимиц.
XS
SM
MD
LG