Достапни линкови

Почина Мајкл Џексон


Почина поп ѕвездата Мајкл Џексон поради проблеми со срцето на 50 годишна возраст. Тој вчера попладне според американско време, пред да биде донесен во болницата во Лос Анџелес, немал пулс. Неговиот брат Џермејн Џексон изјавил дека докторите повеќе од еден час се обидувале да го реанимираат Џеко. Аутопсијата треба да ги покаже околностите во кои дошло до смртта на Кралот на поп музиката.
Мајкл Џексон беше еден од најголемите музички феномени на 20-от век. Ова лето требаше да ја започне својата повратничка турнеја.
Својата пребогата музичка кариера популарниот Џеко ја започна на 11 години, како член на семејниот бенд „Џексон 5“. За време на 40 години (почина на 50) тој направи кариера со 750 милиони албуми, меѓу кои и најпродаваниот на сите времиња „Трилер“.
XS
SM
MD
LG