Достапни линкови

Милошоски: позицијата на Грција далеку од компромисна


Позицијата на Грција за името, во повеќе сегменти, е далеку од компромисна, изјави вчера вечер министерот за надворешни работи на РМ Антонио Милошоски, по координацијата на државниот врв за текот на разговорите за надминување на проблемот со името. Милошоски не сакаше да соопшти повеќе детали за тоа што се разговарало на преговорите во Женева, бидејќи, како што рече, „тоа не би било во полза на целиот процес“. Според него, добро е што посредникот Метју Нимиц ќе дојде во Македонија за, како што рече, „да имаме можност за директни разговори и да ги претставиме нашите позиции“. На координацијата, која ја свика претседателот Ѓорге Иванов, присуствуваа премиерот Никола Груевски, вицепремиерот Абдулаќим Адеми, министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и специјалниот пратеник на претседателот во разговорите за името амбасадорот Зоран Јолевски.
XS
SM
MD
LG