Достапни линкови

Чеку ослободен од притвор


Агим Чеку е ослободен од притвор во Бугарија. Окружниот суд во Ќустендил вчера го ослободи од притвор поранешниот косовски премиер, кој беше уапсен во вторникот навечер на бугарско-македонската граница. Чеку беше уапсен врз основа на потерницата од Интерпол, издадена на барање на Србија, која бара негово апсење уште од 2002 година. Врз истата основа, Чеку беше уапсен во Словенија и во Унгарија во 2003, односно 2004 година, а беше протеран и од Колумбија.
XS
SM
MD
LG