Достапни линкови

Бугарија конкретно против корупцијата


Поранешниот директор на софиското јавно претпријатие за греење Валентин Димитров доби 14 години затвор за проневера на пари и злоупотреба на општествена сопственост. Димитров, кој стана симбол на корупцијата во Бугарија, е прогласен за виновен за проневера на три милиони евра за набавка на опрема. Софискиот суд одлучи на Димитров да му се заплени имотот. Против него има истрага за перење пари, а пред една година е осуден на пет години затвор, зашто не пријавил дека на сметка во Австрија има 1,64 милиони евра.
XS
SM
MD
LG