Достапни линкови

logo-print

Баросо: историска шанса за обединување на Кипар


Денес постои историска шанса за обединување на Кипар, оцени претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо и ги повика кипарските Грци и Турци да не ја испуштат можноста. Кипар е поделен на меѓународно признатиот грчки Кипар на југот и делот што го окупираше Турција во 1974 година, по краткотрајниот државен удар што го изведоа поддржувачите на обединувањето на Кипар со Грција. Грчкиот дел влезе во Европската унија во 2004 година. Кипарските Турци бараат слаба федерална унија составена од две рамноправни држави, за да спречат грчка доминација, додека кипарските Грци сакаат силна федерална влада која би ја спречила секоја идна поделба.
XS
SM
MD
LG