Достапни линкови

Зголемен бројот на настрадани во поплавите во Чешка


Бројот на настрадани во поплавите во Чешка се искачи на девет лица. Синоќешните врнежи го кренаа нивото на водата во одредени делови на Чешка на седум метри над земја. Премиерот Јан Фишер изјави дека ситуацијата е под контрола, додавајки дека 1.000 војници се на терен и помагаат во расчистување на штетите. Поплави се регистрирани во Австрија, Германија, Унгарија и Полска.
XS
SM
MD
LG