Достапни линкови

Реоткривање на патеката на културата


Панорама на Скопје
Панорама на Скопје

Реоткривање на патеката на културата е насловена манифестацијата која ќе се одржи во сабота на просторот од Камениот мост, преку Даут пашин амам. Ова случување за ревитализација на Старата скопска чаршија го потпишуваат Дирекцијата за култура и уметност на Скопје во соработка со Италијанската амбасада, ИМГ и уште неколку институции во градот.

Театарски претстави, изложби, поетски читања, жонглерски перформанси, занаетчиски работилници, дегустација на вино ина храна, музички концерти...сето ова треба да ги предизвика скопјани, во сабота навечер, масовно да тргнат во Реоткривање на патеката на културата. Идејата на проектот е наново да се афирмира Старата скопска чаршија и таа повторно да пулсира со некогашниот дневен ритам.

,,Настанот е мултимедијален проект кој што има за цел да докаже дека културната патека во нашиот град не преставува утопија туку постои во Скопје музејска зона која што ние многу ретко ја посетуваме."

истакнува Ана Зафирова, координатор на ова случување кое заедно со Комисијата за култура и уметност на Град Скопје, го
Настанот е мултимедијален проект кој што има за цел да докаже дека културната патека во нашиот град не преставува утопија туку постои во Скопје музејска зона која што ние многу ретко ја посетуваме
организираат Меѓународната менаџмент група – ИМГ и Италијанската амбасада во Македонија.
Програмата најнапред предвидува движење од Камениот мост кон Даут-пашиниот амам, во т.н Зона на запознавање со костимираните учесници облечени во автентични костими од 19 век, а официјалното отворање е закажано за 20 часот и 30 минути. Потем следува постетата на Зоната на вкусови , во винарската визба Темов во 21 ќе започне концертот на Чалгија саунд систем, а во Капан ан нешто подоцна ќе музицираат членовите на групата Љубојна. Во предвидената Зона уметност, во Чифте амам, во 22 часот, посетителите ќе може да проследат театарска претстава и поетско читање, во Галеријата 7 ќе настапува Караѓоз театар, а во Сули Ан е предвидено одржувањето на концертот на битолчаните Фолтин. Предвидено е и движење низ Зоната на перформанси која води од стариот Безистен кон Куршумли ан, во Музеј на Македонија, на чие плато за 23 часот е закажан концертот на Суперхикс, кој со овој настап ќе го продолжи одбележувањето на 15 годишнината од своето постоење.

,,Ќе бидат вклучени повеќе од 200 активни учесници во настанот, што како бројка звучи фасцинантно и е тешка за координирање, но токму на тој начин можеме да покажеме во пракса дека со масовноста на луѓето присутни во чаршијата ќе овозможиме нејзино повторно реафирмирање."


забележува Зафирова.
Инаку, за значението на овие културни споменици во економскиот развој на земјата Томислав Стефановски од Меѓународната менаџмент-група со дополна:

,,Музеите и објектите од културното наследство претставуваат еден систем, сложен систем кој што може да се употреби во економскиот развој."

  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG