Достапни линкови

САД против интернет филтрите во кинеските компјутери


Соединетите Американски Држави испратија апел до Кина да се откаже од вградување на интернет филтри во компјутерите кои се продаваат во земјата. Во писмо до кинеските власти, американските стопанственици предупредуваат дека одлуката за вградување на посебен софтвер за филтрирање на интернет страници е спротивна на правилата за слободна светска трговија. Кинеските власти планираат да вградат посебен софтвер во персоналните компјутери кој на корисниците ќе им го блокира пристапот до „штетни“ интернет страници.
XS
SM
MD
LG