Достапни линкови

Потребно е штедење и анти кризни мерки


Логото на ММФ
Логото на ММФ

Бизнисмените и експертите од Советот за глобална економска соработка препорачуваат формирање мешовит анти кризен комитет во Владата. Според експертите, потребно е штедење и девизен прилив за справување со последиците од економската криза

Да сеформира мешовит антикризен комитет во Владата, итно да почне да се штедат државните пари и да се побара помош од ММФ и сугерираа на Владата експертите и бизнисмените кои се дел од Советот за глобална економска соработка. Ова како резултат на незадоволството од досегашните владини мерки за справување со кризата кои ги нарекуваат нашминкани и без големи ефекти.
Тој мешовит комитет нема намера да преземе некакви витални функции од владата. Туку, напротив растоварена од политички и партиски бариери да проследува некои состојби и да дава предлози, коишто сепак ќе бидат владино филтрирани и прифаќани или не
Загриженоста околу последиците од економската криза во Македонија е веќе широка и токму затоа контактите на сирте кои можат да помогнат се добредојдени, вели професорот Мирољуб Шукаров. Токму во тој контекст се предлага и формирање на еден мешовит комитет во владата за справување со кризата.

„Тој мешовит комитет нема намера да преземе некакви витални функции од владата. Туку, напротив растоварена од политички и партиски бариери да проследува некои состојби и да дава предлози, коишто сепак ќе бидат владино филтрирани и прифаќани или не,“

вели Шукаров.

И до сега се одржуваат контакти со бизнис заедницата како размена на идеи и укажувања но сите идеи се добредојдени вели министерот за економија Фатмир Бесими.

„Де факто, остваруваме контакти со бизнис заедницата на редовна основа. Сме имале средби, и размена на идеи и од експертите, академски и други експерти од областа на економијата и така произлегле мерките кои сме ги преземале.“

Бесими вели дека Владата и сега прави напори да обезбедни дополнителни средства во кои отворена опција е и склучување аранжман со ММФ. Не е важно од каде ќе се обезбедат дополнителни средства туку важно е тие да се обезбедат, дообјаснува Бесими. Професорот Шукаров појаснува дека најефтиното решение во моментов е ММФ како можност за зголемување на девизниот потенцијал во девизните резерви и тоа околу 500 –600 милиони евра.

„Јасно е дека девизните проблеми, бариери со кои се соочува Македонија, укажуваат дека мора да се пристапи кон големи форми на штедење и да се прифати одредено зголемување на девизниот потенцијал во девизните резерви, а за тоа е најефтиното решение ММФ“

Кризата е многу силна и може да предизвика и поголеми социјални влијанија во земјата па на тоа се темели и се поголемата загриженост заклучува Шукаров.
XS
SM
MD
LG