Достапни линкови

Репресии врз неистомислениците


Протести во Иран

Протести во Иран

Иранските власти превземаат големи безбедносни операции против не истомислениците што е најголема операција во историјата на Исламската револуција. Полицијата, како што се јавува уапсила десетици високо рангирани поранешни официјални личности и академици, како и стотици учесници во демонстрациите кои избувнаа по нерегуларностите на изборите. Никој всшност не знае колку лица се точно уапсени. Лидерот на Опозицијата Мир Хусеин Мусави речиси цела недела го нема во јавноста. На неговата веб страница пишува дека по вчерашниот состанок со него се затворени 70 тина универзитетски професори. Тој ја кртикува власта дека на улиците се однесува како да е во сила воен закон. Во медиумите од друга страна е воведена невидена цензура. Реза Моини од Амнести Интернешенел изјави

,,Досега 36 новинари се во затвор и нивната ситуација е критична. Нивните семејства немаат информации. Адвокатите не можат да ги посетат. И според напите информации тие се под ментален и физички стрес,,.

Врховниот ирански лидер Ајатолахот Али Хаменеи изјави дека нема да има промени во изборните резултати, според кои победник на претседателските избори е Махмуд Ахмадинеџат. Опозицијата протестираше и вчера и ,според сведоци, полицијата употребила гас за да ги растера протестите. Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир Ширин Ебади по средбата со Претседателот на Европскиот Парламент Ханс Герт Потеринг побара реакција од светот и помош за демонстртантите

,,Доколку иранската влада продолжува да ги апси луѓето кои се повредени од нивните куршуми и лежат во болнички кревети тогаш странските амбасади треба да ги отворат вратите за повредените со цел да ги заштита од апсење,,.

Денеска се огласи и иранскиот дисидент Големиот Ајатолах Хосеин Али Монтазери. Тој предупреди дека гушењето на протестите може да ги поткопа основите на владата без разлика на нејзината моќ.

  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG