Достапни линкови

Влез во ЕУ и НАТО нема да ги запре барањата за федерализација


Според малите албански партии евро интеграциите на Македонија нема да ги запрат барањата за федерализација на Македонија. Според нив, сегашниот Устав продуцира нерамноправност во сите сегменти на системот

Барањата за федерализација нема да престанат, ако Македонија влезе во Европската унија и во НАТО, затоа што рамноправноста на Албанците е еден од условите за евроинтеграциите на земјава, порачува претседателот на ПДП Сефедин Харуни.
Проблемот за федерализација и Албанците како конститутивен елемент во Република Македонија ќе биде и услов за прием во НАТО. Не може унитарна држава да е и натаму Македонија и Уставот каков што е да продуцира секогаш нерамноправност во сите сегменти на системот


„Проблемот за федерализација и Албанците како конститутивен елемент во Република Македонија ќе биде и услов за прием во НАТО. Не може унитарна држава да е и натаму Македонија и Уставот каков што е да продуцира секогаш нерамноправност во сите сегменти на системот.“

Харуни вели дека не разговарал со странските партнери за нивните барања. Европската унија и НАТО се само надворешни набљудувачи, вели Харуни.

„Биди сигурен во она што го кажувам – странскиот фактор е набљудувач од надвор. Секој систем, секоја држава и секоја институција работите треба да ги гледа од внатре. Унитарна држава со ништо не може да го оправда составот на мулти етницитетот на Република Македонија.“

ПДП е една од трите, мали, вонпарламентарни политички партии на Албанците во Македонија, која заедно со НДУ на Хисни Шаќири и НДИ на Невзат Халили, во вторникот, одржа протест пред споменикот Скендер-бег во Скопје. Протестот не доби масовна подршка.

Пред групата од стотина луѓе, меѓу кои беа и неколку студенти од УЈИЕ и ДУТ беше побарано пратениците од партиите на Албанците да го блокираат процесот за решавање на спорот со името и моментот да се искористи за да се услови со промена на Уставот и федерализација на државава.
Во владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека правото на протест е уставно загарантирано.

„Рамковниот договор е веќе преточен во уставна норма во Република Македонија. Стабилноста на институциите произлегува и од нивната поставеност и од политичкиот систем. Македонија е демократско општество. Можат луѓето и групите во ова општество да го искажат својот став, но се во рамките на законот и уставот на Република Македонија,“

вели пратеникот Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката ДУИ, пак, оцени дека протестот го органзираат безначајни субјекти, кои немаат легитимитет од граѓаните да покренуваат некакви иницијативи со поминат рок.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG