Достапни линкови

Сто милиони евра за развој на мали и средни претпријатија


Европската инвестиоциона банка ќе одобри сто милиони евра заем за развој на мали и средни претпријатија во Македонија. Од Министерството за финансии велат дека тоа е мерка за помош на стопанството за излез од економската криза

Европската инвестициона Банка ќе одобри заем од 100 милиони евра на Македонската банка за поддршка на развојот, за развој на мали и средни претпријатија. Од министерството за финанси велат дека тоа е мерка за помош на стопанството за излез од економската
Каматните трошоци, фиксна каматна стапка од 3,79 отсто, што е прилично ниска. Вариабилната каматна стапка е ЕУИБОР плус 0,69 отсто.
криза. Активирањето на проектот Македонска банка на поддршка и разво, значи можност банката директно да им одобрува кредити на компаниите. Досега тоа можеше да го прави само со посредство на комерцијалните банки. Биснисмените велат дека оваа мерка е добродојдена во услови на економска криза. Од почетокот на светската економска криза, банките за да се заштитат го затегнаа условите за кредитирање и најавија дека ќе ги зголемат каматните стапки. Од министерството за финансии велат дека кредитањето што ќе се одвива преку Македонската банка за обнова и развој ќе доведе до смалување на каматната стапка.

„Каматните трошоци, фиксна каматна стапка од 3,79 отсто, што е прилично ниска. Вариабилната каматна стапка е ЕУИБОР плус 0,69 отсто.“

вели Ивана Билбиловска, портпарот на Министерството за финансии.

Во земјата функционираат околу 51 илјада мали и средни претпријатија, или 99% од регистрираните компании. Тие вработуваат дури 80% од вкупниот број вработени во земјава.

Од претпријатието „Здравје Радово“ велат дека досега добро соработувале со Македонската банка за обнова и развој.

„Дел од извозот што го правиме го осигуруваме преку нив. Така што тие немаа до сега право да даваат кредити итн, тоа одеше преку комерцијалните банки, а за овие сто милиони се надевам дека ќе ги задоволат вистинските потреби и дека производството ќе зајакне со овие пари,“

вели сопственикот Јован Дабевски, кој додава дека вакви мерки се добредојдени во услови на криза.

Ристо Ристевски, сопственикот на „Лион“, објаснува дека во последната година не е корисник на кредити, но порано многу лесно се земале кредити.

„Си бара банката, нормално извештај од фирмата, колку е ликвидна фирмата каде што ги дава парите, да знае дали ќе ги врати тие пари, а се заштитува со некаква хипотека. И да не е ликвидна фирмата, банката секогаш ќе си го земе својот дел.“
Кредитите ќе бидат давани на мали и средни претпријатија, а износот ќе зависи соодветно на бројот на вработени и големината на фирма
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG