Достапни линкови

Партнерството - инструмент за предизвиците на глобализацијата


Безбедноста низ партнерството е главната тема на третиот безбедносен форум на Евроатлантскиот партнерски совет што денеска во Астана, Казахстан, и официјално го отвори генералниот секретар на НАТО, во заминување Јаап де Хоп Шефер. Делегации од 50 ЕАПС И НАТО земји, меѓу кои и македонскиот министер за одбрана Зоран Коњановски, овие два дена ќе се расправа за стабилизирање на ситуацијата во Авганистан, улогата на соседните земји, регионалните перспективи и енергетската безбедност.Денеска партнерството претставува единствен инструмент за соочување со предизвиците и светската глобализација и амбициозната агенда на форумот дава јасно до знаење дека партнерството нема изгубено од релевантноста како резултат на неодамнешното НАТО проширување, рече меѓудругото Шефер.
XS
SM
MD
LG