Достапни линкови

Шефот на словачката дипломатија Лајчак во Македонија


Министерот за надворешни работи на Словачка Мирослав Лајчак денеска ќе престојува во официјална посета на Македонија, при што свечено ќе ја отвори амбасадата на оваа земја во Скопје. Во рамките на посетата тој ќе се сретне со својот домаќин и колега Антонио Милошоски, со кого треба да потпишат договор меѓу Словачка и Македонија за заштита на инвестициите, а ќе биде примен и од претседателот на Собранието Трајко Вељановски и од премиерот Никола Груевски.
XS
SM
MD
LG