Достапни линкови

Пругата Битола-Лерин сеуште чека обновување


Пругата Битола - Лерин

Пругата Битола - Лерин

Проектите за обновување на железничката пруга Битола-Лерин останаа само на ,,хартија" поради заладените односи со Грција, но и поради недостаток од финансиски средства. Обновувањето на линијата е од голема важност за граѓаните, како и за развој на пограничните региони.

Некогаш за Грција патувавме со воз, а границата ја минувавме само со лична карта. Тогаш ние купувавме мандарини и банани од Лерин зашто беа евтини, сега Грците купуваат од кај нас зашто сме посиромашни. Возот од Битола за Лерин не затрубил 17 години, а наместо лични карти сега на граница ни бараат визи. Ова го велат жителите од пограничните битолски села низ кои минува старата оштетена и нефункционална пруга. Со иронија критикуваат дека пробрзо ќе падне шенгенскиот ѕид, одошто што ќе проработи железничката пруга
Цел народ со воз одеше, тогаш немаше толку превоз. Доаѓаа и Грци тука, се делеа карти за Грција. Тука беше полно народ. Тогаш одевме со лични карти за Грција, не ни бараа визи. Овчарани ни беше како пазар, имаше повеќе дуќани и таму пазаревме
Битола-Лерин.

,,Возот функционираше нормално. Доаѓаше наутро, ги земаше луѓето и ги враќаше. Цел народ со воз одеше, тогаш немаше толку превоз. Доаѓаа и Грци тука, се делеа карти за Грција. Тука беше полно народ. Тука имаше и милиција, сега и милицијата ја зедоа. Тогаш одевме со лични карти за Грција, не ни бараа визи. Овчарани ни беше како пазар, имаше повеќе дуќани и таму пазаревме."

се присетува Илија Стојановски, жител од село Кременица.
Пругата денес е обрасната со џбунови и трње високи половина метар. Наместо да минуваат возови, тука се паси стока. Проектите за обновување на железничката врска останаа само на хартија поради заладените односи со Грција и недостиг на средства за детална реконструкција. Пред две години Македонски железници најавија дека преговараат со грчки колеги да обезбедат пари од европските фондови за реконструкција на пругата. Но, само Грција ја реконструира делницата од Лерин до граница. Остануваат да се довршат уште 17 километри железнички пат од Битола до Меџитлија.

,,Убедени сме дека иднината е во меѓуграничната соработка со соседна Грција. Убеден сум дека понатаму со градоначалниците од Грција и во соработка со администрациите од двете држави ќе направиме прекрасни проекти. Се надевам дека ќе има интерес и за индустриската зона, се надевам дека во идни време ќе можеме да ја ставиме во функција и железничката пруга."

изјави градоначалникот на Битола, Владимир Талески.
За да заживее пругата потребен и е капитален ремонт кој ќе чини 10 милиони евра. Таа на пола би ги намалила трошоците за транспорт на стока до пристаништето во Солун. По пругата за првпат поминал воз во 1894 година.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG