Достапни линкови

Седум лица со британски пасоши уапсени во Иран


Иранските власти уапсиле седуммина странци за кои се смета дека се поврзани со протестите на опозицијата во Техеран. Како што соопштија државните медиуми, упасените имале британски пасоши. Британските власти ги разгледуваат обвинувањата против приведените. Во меѓувреме, американската телевизија Си – Ен – Ен, повикувајки се на неименувани извори во Иран, соопшти дека иранската полиција стрелала во приврзаниците на опозицијата кои и денеска се собраа на протести во Техеран.
XS
SM
MD
LG