Достапни линкови

Неда, симбол на гласот за промени во Иран


 Неда Ага Солтани

Неда Ага Солтани

Долго ќе се памети нејзината борба за здив откако била застрелана на протестите во Техеран. Таа го даде својот живот за нејзината желба за промени. Неда е само една од илјадниците ирански жени кои излегоа да протестираат против резултатите од претседателските избори. Една од првите кои повикаа на протсети беша сопругата на поранешниот ирански претседател Акбар
Хашеми Рафсанџани:

,,Мораме да излеземе на улиците ако имало неправилности на изборите.,,
,,Иранската жена не е тип на жена која молчи и која смета дека не му е рамна на мажот. И покрај тоа, по Исламската револуција правата на жените беа нарушени. Сега повторно на протестите ги гледаме рамо до рамо со мажите ,,


Жените можеа да се видат на мирните протести, како што велат, да прашаат каде е нивниот глас. Јасаман е 42 годишна домаќинка која вели дека воопшто не се плаши. ,,Гласав за Мир Хоесин Мусави, бидејќи се надевав на промени,, вели таа за Радио Слободна Европа. Мусави за време на кампањата се појавуваше со неговата сопруга Захра Рахнавард. И иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во предизборите се залагаше за повеќе права на жените и имаше поддршка од некои нивни здруженија.

,,Во последните четири години под удар дојдоа женските собирања, а некои жени беа осудени на повеќегодишни казни затвор.,,

Вели една од активистките за правата на жените во Техеран Насрин Сотоудех. Со неа се согласува и Захра Голамипур, лидерка на Паниранската партија која за Радио Слободна Европа вели:

,,Иранската жена не е тип на жена која молчи и која смета дека не му е рамна на мажот. И покрај тоа, по Исламската револуција правата на жените беа нарушени. Сега повторно на протестите ги гледаме рамо до рамо со мажите.,,

Жените во Иран се соочуваат со голема законска дискриминација. Колку за пример, тие немаат еднакво право на развод и одгледување на децата и не им е дозволено да патуваат надвор од земјата без довола од нивните татковци или сопрузи. Но затоа, како што велат очевидците, на протестите властите ги третаираат исто како и мажите. Брутално ги тепаат, а има извештаи и за загинати.

,,Иранските жени покажаа колку се силни. Тие се мајки, сестри. Тие се чувствуваат одговорни.,,

Вели Захра Голамипур, изразувајќи надеж дека жените кои, патем кажано се 65 насто од студентите на Универзитот во Техеран, без оглед на резултатот од сегашната криза, ќе продолжат да ги бараат своите права. Некои веќе излегоа со нови слогани Нашата Неда. На персиски ,,Неда,, значи глас.
  • 16x9 Image

    Гоце Атанасов

    Со новинарство започна да се занимава за време на студиите по новинарство во Скопје. Работел во Млад борец, Нова Македонија, Македонската радио телевизија, А1 телевизијата и во Дојче Веле, а во Радио Слободна Европа е од започнувањето на емитувањето на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG