Достапни линкови

Каменеи: Иран нема да падне под притисок


Врховниот лидер на Иран Ајатолах Али Каменеи изјави дека ќе инсистира на имплементација на изборниот закон, додавајки дека властите нема да потклекнат на притисок. Во меѓувреме, сопругата на поразениот ирански претседателски кандидат Мир Хусеин Мусави ги повика властите да ги ослободат сите затвореници уапсени за време на протестите. Изјавата на Захра Рахнавад беше пренесена на интернет страницата на Мусави.
XS
SM
MD
LG