Достапни линкови

Македонија – успешна приказна?


Скопје
Скопје

Македонија „оаза на мирот“, „успешна мултиетничка приказна“ и „инвестициски рај“ се само дел од епитетите за земјава. Аналитичарите сметаат дека закочените евроинтеграциски процеси влијаат на македонското претставување во странство

Закочениот процес на евроинтеграции не и дозволува на Македонија да се претстави како успешна приказна, предупредуваат дел од аналитичарите.
Во време на војните во поранешна Југославија, во првата половина на деведесетите, Македонија го доби епитетот „оаза на мирот“, но
Некои процеси кои се прават во последно време, околу референдумите, околу состојбите и спорот со името, нашата држава ја водат по мое мислење во една слепа политичка улица
таа квалификација ја изгуби со конфликтот од 2001 година. Потоа, почна да се споменуват термините успешна европска мултиетничка приказна и инвестициски рај, но и таа приказна не е на добар пат, предупредуваат дел од експертите.

Професор Осман Кадриу вели дека, по завршувањето на конфликтот од 2001 година, Македонија сега е среднина за која може да се каже дека има мирна, безбедна и стабилна состојба.
Сепак, вели тој, последните случувања создаваат тензии и не се најповолни за македонските граѓани. Треба многу внимателно да му се пристапи на проблемот со Грција за името, а особено на новите концепции за етногенезата на македонскиот народ, вели Кадриу.

„Некои процеси кои се прават во последно време, околу референдумите, околу состојбите и спорот со името, нашата држава ја водат по мое мислење во една слепа политичка улица.“
Цело време, нашите напори се насочени да го убедиме нашиот народ и нашата публика внатре. Тоа се однесува на политичките партии, дека сме спремни за ЕУ и дека сме подобри од другите и дека сме успешни, дека функционираме како мулти етничко општество или како оаза на мир. Дури и ако ги погледнете кампањите, тие се насочени кон внатре.

Политикологот Марија Ристевска, пак, вели дека земјава никогаш не успеа ја изгради приказната за успешна европска Македонија, како што не успеа да ја изгради ниту приказната за оаза на мирот.

„Цело време, нашите напори се насочени да го убедиме нашиот народ и нашата публика внатре. Тоа се однесува на политичките партии, дека сме спремни за ЕУ и дека сме подобри од другите и дека сме успешни, дека функционираме како мулти етничко општество или како оаза на мир. Дури и ако ги погледнете кампањите, тие се насочени кон внатре.“

Тоа не се приказни кои македонската влада ги има креирано и има стратегија да ги искомуницира. Тие се приказни кои се подготвуваат во странски академски кругови, а ние не успеавме да ги искористиме, вели Ристевска.

„Таа успешна европска приказна не е приказна за која има стратегија да се промовира земјата во ЕУ. Затоа не може ниту да пропадне.“

Ристевска, сепак, не се сомнева дека македонските власти имаат интерес Македонија да влезе во Европската унија и во НАТО.

„Секогаш доаѓаме до истиот аргумент, постои волја, прашање е дали имаме капацитет и стратегија како тоа да го направиме.“

Иако, ги исполни условите за членство во НАТО, на самитот во Букурешт минатата година Македонија не доби покана за влез во Алијансата, поради грчкото противење. Ставот на Грција е да не дозволи зачленување на Македонија во НАТО, додека не се реши спорот за името.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG