Достапни линкови

Бугарија го продолжува притворот за Агим Чеку


Бугарското обвинителство ќе го продолжи до сабота притворот за поранешниот косовски премиер Агим Чеку кој вчера беше уапсен на бугарско македонската граница, изјави денеска главниот обвинител Николај Кокинов за бугарското радио. Чеку беше уапсен во Ѓуешево, а врз основа на меѓународна потерница. Чеку досега беше апсен во Словенија и во Будимпешта, а во минатиот месец беше протеран од Колумбија. Чеку е обвинет за воени злосторства за време на војната на Косово.
XS
SM
MD
LG