Достапни линкови

Во Иран уапсени вработените во весникот на Мусави


Во Иран биле уапсени 25 новинари и вработени во весникот во сопственост на поразениот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави. Еден од издавачите Алиреза Бехешти изјави дека до апсењето дошло откако весникот Зелен збор бил затворен од властите веднаш по постизборните протести во земјата. Инаку, силни безбедносни мерки се воведени во иранскиот главен град Техеран со цел да бидат спречени натамошни улични демонстрации против резултатите од претседателските избори. Во меѓувреме, еден од трие поразени кандидати Мохсен Резаи кој порано раководеше со Револуционерната гарда соопшти дека ги повлекува неговите приговори со цел да даде придонес во смирување на ситуацијата.
XS
SM
MD
LG