Достапни линкови

Иванов ја прифатил поканата на Сејдиу да го посети Косово


Денеска во албанскиот град Валона продолжува неформалната средба на претседателите на Албанија, Македонија, Косово и на Црна Гора Бамир Топи, Ѓорге Иванов, Фатмир Сејдиу и Филип Вујановиќ, со нивни заеднички состанок. Овој неформален собир почна синоќа со билатерални средби на четворицата шефови на држави, на кои главни теми биле прашањата за инфраструктурните коридори, енегретските ресурси и заедничките напори на регионот за вклучување во европскиот простор. Во разговорот меѓу претседателите на Македонија и на Косово, било констатирано дека е надминато недоразбирањето што постоеше, при што Сејдиу упатил покана до Иванов да ја посети Приштина, која била прифатена.
XS
SM
MD
LG