Достапни линкови

Агим Чеку уапсен во Бугарија


Поранешниот косовски премиер Агим Чеку вчера е уапсен од бугарската полиција на бугарско-македонската граница врз основа на потерницата од Интерпол, издадена на барање на Србија. Портпаролот на неговата опозициска Социјалдемократска партија Газим Касаполи потврди дека Чеку е уапсен и оти наскоро ќе биде ослободен. Србија побара апсење на Чеку уште во 2002 година и врз таа основа тој беше уапсен во Словенија и во Унгарија во 2003-та односно 2004-та година, а беше протеран и од Колумбија. Секој пат Чеку беше ослободуван и не е екстрадиран во Србија, каде што се товари за воени злосторства.
XS
SM
MD
LG