Достапни линкови

Последен обид за спас на Формула 1


Светската автомобилска федерација (ФИА) и новоформираното Здружение на тимови од Формула 1 (ФОТА), денеска во Париз ќе одржат состанок, кој, како што се најавува од двете страни, ќе биде последна можност да се надмине меѓусебниот спор и да се спречи распадот на натпреварувањето во Формула 1. На состанокот ќе присуствуваат прeтседателот на ФИА Макс Мозли, првиот човек на ФОТА Лука ди Монтеѕемола, како и претседателот за комерцијалните права на Формула 1 Берни Еклстоун. По денешниот состанок раководството на ФОТА заедно со претставниците на тимовите од Здружението ќе одлучат за идните чекори.
XS
SM
MD
LG