Достапни линкови

Екс-премиерот на Словенија повикан на сослушување во полиција


Поранешниот Премиер на Словенија Јанез Јанша е повикан на сослушување во полиција поради сомневање дека извршил кривично дело оддавање тајни податоци. Во полицискиот документ е наведено дека Јанша е повикан на 2 јули да се јави во секторот за криминалистичка полиција во Полициската управа во Љубљана. Во реакција на Словенечката демократска партија се вели дека повикот е „шокантен“.
XS
SM
MD
LG