Македонското општество не е подготвено за компромис со Грција и поради тоа власта калкулира и одолговлекува со наоѓањето решение за прашањето за името, коментираат дел од домашните експерти, по средбата на посредникот на Обединетите нации Метју Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач.
По средбата во Женева, Нимиц соопшти дека „на масата не биле изнесени нови предлози“. Тој оцени дека двете страни „се длабоко вкопани во своите позиции“, но сепак изрази надеж дека „позициите може да се променат“.
Од друга страна, премиерот Никола Груевски, вчера го повтори ставот дека евентуалното решение ќе оди на референдум. Познато е дека се залагаме да има референдум во моментот кога ќе има некаков предлог којшто би бил во најмала рака првин прифатлив за Грција, за потоа да видиме дали е прифатлив и за граѓаните на Македонија, рече Груевски.
Политикологот Жидас Даскаловски вели дека, со оглед на тоа што најголем дел од луѓето се противат на промена на името, идејата за референдум е во корист на Владата, но граѓаните може да го одбијат тоа решение или референдумот може да доведе до поларизација меѓу граѓаните. Сепак, тоа може да ги искомплицира работите, вели Даскаловски.
„Може и да се случи Грција однапред да не прифати такво решение да биде подложно на референдум, значи Грција да инсистира владата да ја земе одговорноста и да прифати компромисно решение. Тоа значи индиректно дека самите преговори се искомплицирани во однос на ова прашање.“
Поранешниот министер за надворешни работи, професор Денко Малевски вели дека Македонија не е подготвена за компромис. Оваа власт практично ги доби последните три изборни циклуси и на таа национална карта, вели Малевски.
„Така што е исклучително тешко за луѓето коишто сега се на власт да се зафатат со сериозно решавање на едно деликатно прашање и мислам дека ќе се противат колку што можат подолго. Антиквизацијата исто така е дел од таа стратегија, не на барање решение, туку на конфронтација. И оттаму тие се фатени и државата е фатена во сопствената замка.“
Малевски не верува во брзо решение на спорот.
„Секој оној што бил на политичка функција и што бил ставен пред ситуација да носи тешки решенија, знае колку е тешко да се донесат такви одлуки, особено одлуки за една националистичка партија, којашто го црпи целиот свој потенцијал практично од националната емоција на народот. Така што не верувам во брз излез.“
По вчерашна средба во Женева, Нимиц рече дека „дојде време да го истуркаме прашањето колку што можеме побрзо“. Тоа е целта на мојата посета на регионот, да видам дали е можно решение, рече Нимиц.
На 6 јули, посредникот на Обединетите нации доаѓа во Скопје, а два дена подоцна заминува за Атина.
Може и да се случи Грција однапред да не прифати такво решение да биде подложно на референдум, значи Грција да инсистира владата да ја земе одговорноста и да прифати компромисно решение. Тоа значи индиректно дека самите преговори се искомплицирани во однос на ова прашање
По средбата во Женева, Нимиц соопшти дека „на масата не биле изнесени нови предлози“. Тој оцени дека двете страни „се длабоко вкопани во своите позиции“, но сепак изрази надеж дека „позициите може да се променат“.
Од друга страна, премиерот Никола Груевски, вчера го повтори ставот дека евентуалното решение ќе оди на референдум. Познато е дека се залагаме да има референдум во моментот кога ќе има некаков предлог којшто би бил во најмала рака првин прифатлив за Грција, за потоа да видиме дали е прифатлив и за граѓаните на Македонија, рече Груевски.
Политикологот Жидас Даскаловски вели дека, со оглед на тоа што најголем дел од луѓето се противат на промена на името, идејата за референдум е во корист на Владата, но граѓаните може да го одбијат тоа решение или референдумот може да доведе до поларизација меѓу граѓаните. Сепак, тоа може да ги искомплицира работите, вели Даскаловски.
„Може и да се случи Грција однапред да не прифати такво решение да биде подложно на референдум, значи Грција да инсистира владата да ја земе одговорноста и да прифати компромисно решение. Тоа значи индиректно дека самите преговори се искомплицирани во однос на ова прашање.“
Исклучително е тешко за луѓето коишто сега се на власт да се зафатат со сериозно решавање на едно деликатно прашање и мислам дека ќе се противат колку што можат подолго.