Достапни линкови

logo-print

САД ја проверуваат новата стратегија против талибанците


Џејмс Џонс, советник за национална безбедност на американскиот претседател Барак Обама, допатува во посета на Авганистан за да ја разгледа примената на новата американска стратегија против талибанците. Предвидено е Џонс да има средба со авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, како и со други претседателски кандидати за изборите закажани за 20-ти август. Во меѓувреме, тројца авганистанци кои работеле за УНХЦР во северен Авганистан загинале од поставена мина на патот.
XS
SM
MD
LG