Достапни линкови

logo-print

Малите албански партии бараат федерализација


Протести на Албанците во 2003

Протести на Албанците во 2003

Малите албански партии ќе протестираат со барање Македонија да се федерализира по примерот на Белгија и Швајцарија. Експертите сметаат дека тие немаат реална политичка моќ, а дека протестите се обид за привлекување внимание. Според некои аналитичари важна е пораката што се праќа до власта и меѓународната заедница

Малите партии од албанскиот блок немат релна политичка моќ да променат нешто, но најавата за протест од нивна страна, треба да ги загрижи политичарите, велат експертите. Некои од нив во намерата да се протестира гледаат радикализам, други остварување на
Сеуште национализамот и една екстремна реторика и барања носат политички поени. Не дека идејата за федерализација не може да биде разгледувана, меѓутоа сум на гледање дека сеуште не сме го спровеле законот за децентрализација онака како што треба
демократското право преку протести да се бараат права. Групата составена од политичари, невладини организации и студенти бара Македонија да се федерализира по примерот на Белгија и Швајцарија. Тие истакнаа дека не сакаат нова војна, но бараат Уставот да се редефинира на мирољубив начин. Професорката Мирјана Млаевска вели дека протестот е очајнички обид малите партии да привлечат внимание и да обезбедат поголемо гласачко тело.

„Сеуште национализамот и една екстремна реторика и барања носат политички поени. Не дека идејата за федерализација не може да биде разгледувана, меѓутоа сум на гледање дека сеуште не сме го спровеле законот за децентрализација онака како што треба.“

вели професорката Малевска. Таа додава дека е жално што се манипулираат студентите. А за барањето за федерализација треба да седнат и да разговаарат сите засегнати страни, а не да се оди на протести.

Кај дел од Албанците постои незадоволство како функционираа оваа влада, тие се чуствуваат запоставено и немаат можност за одлучување, па затоа и се одлучуваат на протести, објаснува професорот Имер Исмаили. Тој вели дека со сигурност не може да се каже дали протестите ќе имаат поголемо влијание и ќе можат да променат нешто.
Овие мали партии немаат свои пратеници во Собранието се минорни по влијание. Но, се разбира дека тоа не значи дека тие немаат добра порака за власта, па можеби и за меѓународната заедница


„Овие мали партии немаат свои пратеници во Собранието се минорни по влијание. Но, се разбира дека тоа не значи дека тие немаат добра порака за власта, па можеби и за меѓународната заедница.“

Групата која протестира нема подршка од големите албански партии. Од ДУИ се категорични дека не го поддржуваат протестот.

„Граѓанско право е, демократско, секој да го манифестира своето незадоволство со протести, така што ние нема да бидеме дел од тоа,“

вели Рафиз Алити од ДУИ.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG