Достапни линкови

Прв случај на „новиот грип“ во Црна Гора


Прв случај на новиот, свински грип, е регистриран во Црна Гора, потврди црногорскиот министер за здравство Миодраг Радуновиќ. Тој објасни дека станува збор за лице од приморскиот град Бар, кое студира во САД. Црногорскиот министер информира дека заболениот се наоѓа во болница во Подгорица и дека неговата здравствена состојба е стабилна.Според Светската здравствена организација, досега во светот од новиот грип починале 231 лице, најмногу во САД. Вкупниот број на заразени од грипот, според СЗО, достигнал 52.160 луѓе.
XS
SM
MD
LG