Достапни линкови

Затегнување на односите Атина- Анкара


Грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани изјавила дека Грција е засегната од напнатоста во односите со Турција. Односите се влошија поради прелетите на турските воени авиони над грчкиот дел на Егејско море. Грција и Турција, и двете членки на НАТО, со години се расправаат за воздушната граница и процедурата на летање над Егејско море. Според грчки извори, турски воени авиони, годишно и по 1500 пати го нарушуваат грчкиот воздушен простор. За разлика од нив, Турција тврди дека воопшто не го нарушува грчкиот воздушен простор.
XS
SM
MD
LG