Достапни линкови

logo-print

Пофалби од Саркози за Косово


Францускиот претседател Никола Саркози во писмо упатено до косовскиот претседател Фатмир Сејдиу, истакнал дека ги цени достигнувањата кои Косово ги направило по прогласувањето на независноста. Саркози напишал дека Косово за само една и пол година независност успеало да се афирмира на меѓународната сцена и дека придонесува за регионалната стабилност. Во очекување на средбата со косовскиот премиер Хашим Тачи во Париз, Саркози изразил желба да се сретне и со Сејдиу, тогаш кога и двајцата ќе сметаат дека е најсоодветно.
XS
SM
MD
LG