Достапни линкови

Брисел ги отфрла обвинувањата на Техеран


Европската унија го отфрлила обвинувањето на иранските власти за мешање во претседателските избори во Иран. Чешкото претседателство во својот извештај вели дека сите земји членки на ЕУ се единствени во поглед на обвинувањата од страна на Техеран. Од ЕУ соопштија дека се засегнати од состојбите во Иран и ги повикаа тамошните власти кризата да ја решат со демократски дијалог. Тие ја осудија и постапката според која им се ограничува функционирањето на медиумите и новинарите. Но земјите членки на ЕУ не разговарале за можноста Иран да се казни со дипломатски санкции и со евентуално прекинување на деловните врски.
XS
SM
MD
LG