Достапни линкови

Нема нови предлози од Нимиц, разговарано за употребата на компромисно име


Медијаторот Метју Нимиц денеска во Женева не понудил нови предлози за решавање на спорот меѓу Македонија и Грција за името. По завршувањето на средбата со македонскиот претставник Зоран Јолевски и претставникот на Грција Адмантиос Василакис, Нимиц во изјава за медиумите појасни дека двете страни не отстапиле од своите ставови. На средбата, како што информира посредникот, било разговарано и за опсегот на употреба на евентуалното компромисно име на Република Македонија. Инаку, македонското Министерство за надворешни работи ја демантира информација која денеска ја објави Радио Слободна Европа повикувајки се на извори од Министерството, дека „евентуалното решение во спорот за името со Грција треба да биде компромисно име за меѓународна употреба, кое не смее да се однесува на трети земји“.
XS
SM
MD
LG