Достапни линкови

logo-print

Полицијата ги разби денешните протести во Иран


Полицијата во Иран ги растури денешните протести во Техеран со фрлање солзавец и стрелање во воздух. Денешниот судир на полицијата со стотици приврзаници на иранската опозиција следи по предупредувањето од Иранската револуционерна гарда, која соопшти дека ќе растури било какви улични протести во Техеран. Протестите против резултатите од претседателските избори во земјата беа прогласени за нелегални а иранската револуционерна гарда ги опиша немирите како „заговор против Иран“.
XS
SM
MD
LG