Достапни линкови

Земјоделците на протести


Незадоволни од ниските откупни цени на пченицата, земјоделците од Велешкиот регион денеска го блокираа патот Велес-Штип. Тие бараат откупната цена од сегашните шест да се зголеми на дванаесет денари, бидејќи неможат да ги покријат трошоците.

Во екот на жнеењето на житните култури земјоделците имаат два проблеми. Невремето кое деновиве го зафати велешкиот регион, но и ниската откупна цена. Велат против природата неможат, но против ниската откупна цена можат да протестираат. Земјоделците од селата Иванковци, Мамутчево, Сујаклари и Лугунци незадоволни од цената денес го блокираа патот Велес-Штип. 120 минути магистралниот пат беше во прекин, блокадата се отстрануваше само за возилата на итната медицинска служба.

„Нашите барања се да се покачи откупната цената. Знае Владата колку беше цената на нафтата на есенската сеидба, имам фактури на 76 денари што сум плаќал нафта во екот на сеењето, 2.000,00 денари вреќа ѓубре, 1.350,00 денари прихрана, прскање, калкулација 400 до 500 евра по хектар, сега со три ипол тони значи 2.000 евра, значи 2.000 евра треба од џеб да дадеме“

вели Ивица Стојчев. Земјоделците секој можен временски период го користат за собирање на летнината. Но незнаат што со неа. Сегашната цена од шест денари е прениска, за да се покријат тошоците за производство неопходно е откупната цена да биде 12 денари по килограм пченица, вели земјоделецот Миле Манојлевски.

„Ако го дадеме на некој треба да го дадеме за беспари, немаме никакви информации, треба Владата да застане зад нас.Мелничарите се жалат на ниската цена на увозот на брашното, нека го сопрат увозот.“

вели Манојлевски. Решение за проблемот со ниската откупна цена, земјоделците велат дека мора да се најде. Неопходна е заедничка средба помеѓу производителите, откупувачите и ресорното министерство. Ако министерството и мелничарите ги сватеа сериозно нашите досегашни реакции до денешната болкада на патот Велес Штип немаше да дојде, вели Марјан Гулев.

„ Ги повикуваме мелничарите и Владата да седнат да се договорат, ние не бараме повеќе, го бараме едноставно заслуженото , 11 денари за јачмен и 13 денари за пченица, ништо повеќе не бараме.“

вели Гулев. Мелничарите како најповикани во оваа ситуација велат дека цената на чинење на производот ја формира ЦЕФТА, а не тие. Државата е таа која би можела да помогне во ваква ситуација со зголемување на цената на субвенциите. Земјоделците од велешкиот регион најавија дека протестите ќе продолжат се до остварување на нивното барање, покачување на откупната цена.

XS
SM
MD
LG