Достапни линкови

Бакојани очекува поинаков пристап во преговорите за името


Шефицата на грчката дипломатија Дора Бакојани пред денешното продолжение на разговорите за името во Женева, изјави дека очекува властите во Скопје да покажат политички пристап различен од досегашниот, со цел да се дојде до заедничко прифатливо решение. Запрашана дали е можна директна средба меѓу неа и шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоскина на претстојниот Министерски состанок на ОБСЕ на Крф, Бакојани одговори дека „ќе се обиде да се сретне со него“. Таа потврди дека досега има договорени тет-а-тет средби само со американскиот државен секретар Хилари Клинтон и со турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу.
XS
SM
MD
LG