Достапни линкови

Поделби околу историјата


Премиерот Никола Груевски во Владата

Премиерот Никола Груевски во Владата

Дебатата за тоа дали Македонците се Словени или антички Македонци ја разбранува јавноста. Според некои историчари се случува политичка манипулација, а според други „антиквизацијата“ е враќање на еден заборавен период. Тие се согласни дека препукувањата треба да завршат

Така наречената антиквизација на историјата, која се прави во последно време, и штети на историјата, велат дел од историчарите. Дебатата дали сме словени или антички македонци ја разбранува јавноста. Се подели народот , се поделија политичарите, се поделија
Тоа е нормален историски развој што се случува во историјата. И сето она што некој денеска се обидува да го претстави како антиквизација е со краток здив и може да има политичка конотација, ништо друго
и историчарите. За едни ,антиквизацијата е само враќање на еден период кој бил забранува со децении, за други тоа е политичка манипулација., но сите се согласија дека препукувањата околу словените и античките македонци треба да завршат. Дебатата се разгоре по промоцијата на новата Историја на македонскиот народ , во која пишува дека денешните Македонци се многу повеќе потомци на античките Македонци отколку на Словените. Друга важна промена е тоа што епохата на Александар Трети Македонски, пак, треба да се нарекува „александризам“ или „македонизам“ за разлика од досегашниот термин „хеленизам“, кој се употребува во светот и од македонските историчари. Новата Историја е издадена од Институт за национална историја. Директорот на институтот, Тодор Чепреганов вели дека не треба да се политизираат историските настани..

„Некој тоа намерно го протежира и тоа е дел од некоја пропаганда или нешто слично. Затоа што во историјата вие такви термини не може да сретнете, ниту антиквизација, ниту нешто слично,“

вели Чепреганов и додава дека антиквизацијата која се прави во последно време за него е несфатлива.
Антички статуи пред зградата на Владата

„Тоа е нормален историски развој што се случува во историјата. И сето она што некој денеска се обидува да го претстави како антиквизација е со краток здив и може да има политичка конотација, ништо друго.“
Тоа значи дека ние треба да се откажеме и од Кирил и Методиј и од Климент и од Наум и од писменоста и од културно историското наследство


За професорот Лазар Лазаров тоа што се дава тежина на античкито на сметка на словенското, ќе има негативно влијние.

„Тоа значи дека ние треба да се откажеме и од Кирил и Методиј и од Климент и од Наум и од писменоста и од културно историското наследство.“

Македонија не смее да се откаже ни од едното , ни од другото, вели професорот Лазаров, затоа што ако се откаже од било кој период , тоа ќе биде поен плус за нашите соседи, а на штета на земјава.

„Прво, на Грција ако ние и го наметнеме словенството ќе речат вие немате право на културно историското наследство од античкиот период. На Бугарите исто така би одговарало. Тогаш значи Бугарите ќе го присвојат словенството.“

За премиерот Никола Груевски, сега не време да се расправа за историја.. За лидерот на опозицијата, Бранко Црвенковски, власта со антиквизацијата и со новата историја промовирана деновиве, се обидува да ја извитопери историјата.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG